Судскиот совет денеска ќе ја одржи 538-та седница на чиј дневен ред меѓу другото се констатирање престанок на судиска функција поради исполнети услови за старосна пензија и одлучување за право на надоместок на трошоци поврзани со вршење на судиска функција.
На седницата треба да бидат усвоени извештаите за констатирана состојба по извршена посета на судовите, како и Извештајот на Комисијата за навременост на пријави и исполнетост на услови по оглас за избор на судија на Уставен суд на Република Северна Македонија
Членовите на Судскиот совет ќе го разгледуваат и дополнението на Годишен план за јавни набавки во 2026 година (капитални инвестиции), а треба да донесат одлука за формирање комисии на известители по барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд.




