Џабе демант и од Европската Унија, СДС продолжува да лаже и да растура пердуви.

СДС не само што лаже, туку суши од лажење.

До толку лажат СДС на чело со Филипче, Заев, Жерновски, па и Кузеска во нивно друштво, што нема ден а да не се демантирани и тоа од релевантни институции.

Како што лажеа за мигрантите од Обединетото Кралство, за што добија и јавен демант и од британскиот амбасадор, така продолжуваат да лажат и за ЕУ.

На ширачите на лаги, СДС им дојде уште еден демант на нивните лаги. Сакајќи да наметнат наратив дека Европската Унија е против Македонија и дека еврокомесарката за проширување, Марта Кос која предупреди на влијанија на Русија и дека за нив нема место во унијата, мисли исклучиво на Македонија.

Уште една голема и шарена лага која СДС сака да ја продаде на македонските граѓани, за што и од еврокомесарката стигна одговор дека таа изјава не се однесувала на Македонија, туку дека генерално зборувала за сите кандидати.

Со ова се потврди и пропадна уште една лага на СДС.

Во однос на руското влијание во државата, уште еднаш потсетуваме дека токму во нивното време на власт, на руски олигарх близок до Путин, сега и осуден на 15 години затвор за корупција и перење пари во Украина, Александар Онишченко му дадоа македонско државјанство, додека на фирма во сопственост на белорускиот конзул, Борче Марковски со години му доделуваа државни тендери.

Затоа ги повикуваме да престанат со постојаното и интензивно лажење, мислејќи дека 100 пати повторена лага ќе стане вистина.

СДС одамна се прочитани дека лагата им е единствената вредност со која располагаат и затоа се таму каде што се. Во длабока опозиција, трета партија во државата со одвај 130 илјади гласа.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ