Претседателот на парламентот на Иран, Мохамад Багер Галибаф денеска предупреди дека секој обид за инвазија врз иранските острови ќе предизвика одговор без ограничување.
– Секоја агресија врз територијата на иранските острови ќе ја уништи секоја воздржаност. Ќе се откажеме од сите ограничувања и ќе го наполниме Персискиот Залив со крвта на напаѓачите, објави Галибаф на платформата Икс.
Неговата изјава уследи по шпекулациите дека САД би можеле да го нападнат островот Харг во Персиски Залив.
Островот Харг е главен ирански терминал за извоз на нафта.
фото: Икс




