Антикорупцискиот тим на СДСМ ги открива бизнис-шемите на Мицкоски и нивната поврзаност. Веќе објавивме дека сопругата на неговиот партнер во хидроцентралите, Мицкоски ја назначи за директорка на Развојната банка, иако е сопственичка на компанија од енергетскиот сектор, се вели во соопштението од СДСМ во кое се пренесува прес-конференцијата Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор на партијата, кое МИА го објавува интегрално.

Денеска објавуваме нов сегмент од бизнис-мрежата на Мицкоски – релациите и групациите во енергетиката и бизнисот со струја.

15 дена постојано го прашуваме Мицкоски: кој е Душан Адамовиќ и зошто е поставен за почесен конзул во Србија?

Нема одговор. Мицкоски молчи.

Зошто? Денеска ќе откриеме еден сегмент.

Мицкоски молчи за Адамовиќ поради поврзаноста со бизнисот со струја и енергетиката.

Душан Адамовиќ, почесен конзул во соседна Србија назначен од владата на Мицкоски, функционер на СНС – сестринската партија на ВМРО – е директно поврзан со две компании.

Адамовиќ е директор на фирмата WBA TEAM ENERGY, регистрирана во 2023 година, и директор на фирмата WBA ENERGY ДОО, регистрирана на иста адреса.

Сопственик на овие фирми е офшор компанија од Кипар – EVELIXON TRADING LIMITED, која се врзува и со трговија со струја.

Што е заедничко за оваа компании? Бизнисот во енергетиката и бизнисот со струја – омилениот бизнис на Мицкоски.

И ова е само еден мал сегмент.

Во деновите што следуваат ќе објавиме и поширока мрежа.

Дали постои поврзаност со Сања Божиновска и на кој начин?

До каде води оваа мрежа на бизниси во енергетиката?

Нека видат граѓаните. Бидејќи за Мицкоски сè е бизнис.

Дали сега е појасно зошто Адамовиќ е поставен за почесен конзул?

Дали е сега појасно зошто молчи Мицкоски? Зошто има фотографии со него, зошто присуствува на настани на ВМРО?

Антикорупцискиот тим на СДСМ продолжува со работа.

Сè ќе објавиме!

Фото: Архива