Денеска Антикорупцискиот тим на СДСМ открива нов дел, уште еден сегмент од бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката, се вели во соопштението од СДСМ во кое се пренесува прес-конференцијата Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор на партијата, кое МИА го објавува интегрално.
Ќе почнеме од таму каде што застанавме. Бизнис релациите на Адамовиќ водат до Кипар и офшор компанија поврзана со енергетиката.
А преку Кипар доаѓаме и до уште една компанија – „Altaria Research Limited“.
Краен сопственик на Altaria Research Limited е „Руднап груп“, холдинг компанија во сопственост на Војин Лазаревиќ, енергетски магнат и српски бизнисмен.
Ова е клучната компанија.
Кој е поврзан со Руднап груп во Владата на Мицкоски?
Сања Божиновска, министерката за енергетика.
Божиновска е директно поврзана со „Руднап груп“, каде што била извршен директор и била одговорна за активности во Србија, Македонија, Бугарија и други земји во регионот.
Станува збор за фирма која управува со компании во Централна и Источна Европа за трговија со електрична енергија.
Божиновска се поврзува и со „Руднап ДООЕЛ“ Скопје, каде што била управител.
„Руднап“ е линкот и со СНС во Србија и со ВМРО во Македонија.
Од овде почнува одмотувањето на ова енергетско клопче на фирми и релации.
Ова е клучен дел од енергетската бизнис мрежа на Мицкоски.
Дали сега е појасно зошто се создаде ново министерство и зошто токму Божиновска Мицкоски ја постави на чело на Министерството за енергетика?
Актуелно е и назначувањето на пензионер, пријател на таткото на Мицкоски, во РЕК овие денови.
Уште една алка во мрежата. Особено што бил советник на Божиновска.
Сè што граѓаните треба да знаат е дека кога РЕК Битола не работи, се увезува скапа струја. А кога се увезува скапа струја, некој профитира.
Сè е бизнис за Мицкоски.
Ама омилен му е бизнисот во енергетиката и бизнисот со струја.
Антикорупцискиот тим на СДСМ продолжува со работа.
Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор




