„Имбецил! *Историски гледано, технички термин за умерена интелектуална попреченост!“ – напиша Кренар Лога од ДУИ, поранешниот министер за правда, во својата скандалозна објава на фејсбук за претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски, објавувајќи ја и неговата фотографија во судиската тога.Тешките навреди на Лога кон Костадиновски се и дел од остриот напад на неговата партија ДУИ, која вчера се огласи со соопштение и тврдење во него дека е „дискриминација и кршење на духот на Уставот ставот, според кој смс-пораките од системот ‘Безбеден град’ треба да се испраќаат само на македонски јазик, додека може да се испраќаат и на англиски, но не и на албански јазик.“.
Ова е ставот на првиот човек на Уставниот суд Костадиновски.
„Со оваа постапка претседателот на Уставниот суд ги надминува своите надлежности и брутално интервенира во правниот поредок и во меѓуетничките односи во државата“ – тврдеше ДУИ, а напоредно со неа и Лога се огласи со својата екстремно тешка и навредлива квалификација за Костадиновски дека е „имбецил“.