По цели 25 часа од последното, вчерашно соопштение СДС се јави. На лукративните политиканти не им успеја глумењето доблест и наводен молк и сочувство заради годишнината од кочанската мега трагедија. Она, кога за жал, вистинското лице излегува на виделина. Едноставно, не можеа да издржат до утре, пишува Курир.мк.
Сите други партии денеска молчат заради почит кон починатите 63 ангели во Кочани, но не и СДС на Венко.
Не можеа да се победат себеси и да пропуштат да„поентираат“, па како оси на мед удрија по последната одлука на РКЕ за зголемување на цената на дизелот и бензините.
Само за потсетување, во 2022-та, цената на дизелот беше 107,5 денари, не 92. Без војна во Иран.
Можат да продадат име, знаме, територијална организација, двојазичност, да затвораат патриоти без причина, да злоупотребуваат туѓи, црни судбини и око да не им трепне, ама бензините при најниската цена на Балканот и пошироко, е тоа не можат да го простат ајваните од Бихаќка. Тоа ги боли. Само тоа. Џебот. Ауди А8 (демек продадено) на Венко и „Бемвето“ на Заев трошат по 20 литра, факт…
И, замислете, еве како „поентираше“ СДС, душегрижничка партија која единствено како и секогаш ја боли само џебот. Кој го полни на сметка на граѓаните, 35 години по ред.
„Пред една недела претседателот на СДСМ, Венко Филипче понуди 3 клучни мерки за намалување на цените на горивата и спас на стандардот на граѓаните од поскапувањата“, срочија експертите за економија, но не и за човечност од СДС на ден кога сите партии громогласно и доблесно молчеа, почитувајќи го споменот на 63 ангели.




