По трагедијата во Кочани, помошта од странските земји беше силна потврда дека имаме пријатели ширум светот – пријатели кои ја разбираат нашата болка и сочувствуваат со трагедијата, напиша вечерва на својот фејсбук профил министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Тој упати искрена благодарност до сите земји кои дадоа несебична и силна поддршка и за лекувањето на македонските пациенти во странство, но и за третманот на пациентите во нашата земја.
-Тоа е силен гест на хуманост и солидарност што нашата држава ќе го памети засекогаш, подвлекува министерот Муцунски.




