Пратеникот во Собранието на Република Македонија, Бојан Стојаноски објави дека денес Собранието на Република Македонија избра Државен јавен обвинител.

Стојаноски во објавата потенцира дека граѓаните очекуваат резултати.

Непристрасно, професионално и одговорно постапување е повеќе од потребно, наведува во објавата на својот фејсбук профил.

-Правда во Македонија мора да има и ќе има, нотира Стојаноски.