Превенцијата е клучна за јавното здравје.
Во таа насока, Институтот за јавно здравје континуирано работи на промоција и едукација за теми од јавноздравствен интерес.

По повод Денот на оралното здравје – 20 март, ИЈЗ го посети Основното училиште „Мирче Ацев“, каде што се одржа презентација за орална хигиена на децата од четврто одделение.

Значаен придонес во унапредувањето на јавното здравје дадоа и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски, директорката на училиштето Гордана Насковска, како и целиот наставнички
персонал.