Интернет преку оптичка мрежа во 2025 година користеле 216.953 претплатници, за 19,19 проценти повеќе во однос на 2024 година, покажуваат податоците од Годишниот извештај за работата на Агенцијата за електронски комуникации за 2025 година.
Пристап до интернет преку мобилен минатата година лани имале 1.424.685 претплатници, за 4,2 проценти повеќе во однос на 2024 година. Во вкупниот број на активни претплатници на пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) минатата година А1 Македонија има пазарен удел од 48,22 проценти, Македонски Телеком учествува со 45,54 проценти, МТЕЛ со 4,36 проценти, Телекабел 1,65 проценти, Греен Мобиле 0,13 проценти, додека Мтелмобајл има пазарен удел од 0,1 процент.
Интернет со широк опсег лани користеле 549.109 претплатници, што е зголемување за 2,02 проценти за една година.
Широкопојасен пристап на интернет по пристапна брзина до и од 100Mbp имале 85.365 претплатници, кај 161.607 брзината била од 50 Mbps до 100Mbps, кај 105.429 од 30 Mbps до 50 Mbps, 113.638 од 20 Mbps до 30 Mbps, 5.408 од 16 Mbps до 20 Mbps, 25.554 од 12 Mbps до 16 Mbps, 34.962 од 8 Mbps до 12 Mbps, 12.596 од 4 Mbps, а 4.550 под 4 Mbps.

Намалување има кај бројот на претплатници со пристап до интернет преку јавна комуникациска мрежа xDSL , преку јавна кабелска (HFC)(DOCSIS 1.x,2,0) мрежа, преку изнајмени линии и преку LAN мрежи.
Уделот на претплатници на пристап до интернет по технологии во 2025 година покажува дека најголем процент им припаѓа на оние со пристап до интернет преку јавна оптичка мрежа, кој изнесува 39,51 проценти. Понатаму следуваат претплатниците кои имаат пристап до интернет преку јавна CaTV мрежа и нивниот удел е 21,31 проценти, преку јавна комуникациска мрежа xDSL 17,51 процент, LAN мрежа 3,89 проценти, јавна радиокомуникациска мрежа (без претплатниците преку мобилни мрежи) 1,16 проценти и изнајмени линии 0,34 проценти.




