Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од -3 до 4 степени, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени Целзиусови, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.

На почетокот на новата седмица ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд. Кон средината на неделата ќе преовладува стабилно и потопло време со пораст на дневната температура. Во четврток ќе дува засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта кон петок и во петок под влијание на влажен бран на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд.

Најниска температруа од -4 стени Целзиусови утрово е измерена во Берово и Попова Шапка, -1 во Лазарополе, 0 во Струмица и Mаврови Анови, 1 степен во Kрушево, 3 во Крива Паланка и Претор, по 4 во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Штип, Виница, Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија, 5 во Скопје-Петровец, 6 во Скопје-Зајчев Рид, а најтопло е во Велес каде е измерена температура од 7 степени Целзиусови. Највисока снежна покривка од 53 сантиметри има на Попова Шапка.