Шпанската лига објави рекордна посетеност на натпревари од првите две нивоа на локалниот фудбал. Ла Лига и Сегунда дивизија ја преминаа границата од 7,5 милиони гледачи во првата половина на сезоната 2018-2019.
Пред зимската пауза, која беше две недели, двете професионални лиги во земјата забележале раст од 8,71 отсто во споредба со претходната сезона. Точно 602.372 повеќе луѓе ги посетиле средбите во Примера и Сегунда.
Во елитната лига, точниот број на гледачи на стадионите е 5.172.228, што претставува зголемување од 2,35 отсто од претходната сезона, или 118,942. Рекорден е растот во втората дивизија, каде се очекува скок од близу 26 отсто. Речиси 2,5 милиони луѓе ги следеле натпреварите од Сегунда помеѓу август и јануари.
Просечното присуство на првата лига е 27.222 гледачи, додека во Сегунда – 10.164. Очекувањата се дека двете првенства ќе стигнат до 15 милиони гледачи до крајот на сезоната.