Претседателот на САД, Доналд Трамп го нарече лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, „палестински водач“.

Трамп, заедно со министерот за одбрана Пит Хегсет и главната обвинителка Пам Бонди учествуваа во Мемфис на тркалезна маса за Безбедната работна група.

– Демократите ја ставаат нашата земја во голем ризик во овој период, во период, кој тие го нарекуваат војна. Тие тоа го нарекуваат војна, а ние го нарекуваме воена операција. Нивните лидери во моментов се, како што знаете, како и да сакате да го наречете, во свој свет, наведе Трамп.

Тој истакна дека „Шумер е готов, тој е Палестинец … Тој всушност стана палестински лидер“.

Никогаш не сум видел човек кој толку многу се променил. Порано беше про-Израел, а сега е про-Палестина. Никогаш не сум видел нешто слично. Се грижи дека ќе ги изгуби следните избори, а тоа ќе зависи само од тоа дали некој ќе се кандидира против него. Ако некој се кандидира против него, ќе изгуби. Тој е целосно растроен и многу опасен за нашата земја, истакна Трамп.

Претходно, Шумер во Сенатот предупреди дека војната со Иран нема јасно дефинирани цели.

– Војната на Трамп со Иран влегува во четвртата недела и не и се гледа крајот. Наместо да му даде на американскиот народ јасен план за тоа како да продолжи, претседателот на САД, врховниот командант, за жал, сè уште беспомошно талка наоколу, наведе Шумер.

фото: архива