Началникот на армијата на Уганда и син на претседателот на Уганда, Мухузи Каинеругаба, изјави дека е подготвен да се приклучи во војната со Иран на страната на Израел.

Во серија објави на социјалните мрежи, тој му понуди помош на Израел, пишувајќи: „Тие само треба да прашаат. Нивните браќа од Уганда се подготвени да помогнат“.

Каинеругаба го објасни својот став тврдејќи дека „тие стојат со Израел затоа што се христијани“, осврнувајќи се на Библијата.

Во дополнителни објави, тој нагласи дека сака крај на конфликтот на Блискиот Исток.

„Сакаме војната на Блискиот Исток веднаш да заврши. Светот е уморен од тоа. Но, секој разговор за уништување или пораз на Израел ќе нè вовлече во војна. На страната на Израел!“, рече тој.

Тој објави дека Народните одбранбени сили на Уганда (УПДФ) ќе почнат да учествуваат во војната „на страната на Израел“ доколку конфликтот не заврши наскоро. „Израел има право да постои и нападите врз него мора да престанат“, рече тој.

Тој истакна дека им понудил помош од вооружените сили на Уганда и на САД и на Израел. „Можевме да го освоиме Техеран за 72 часа без никакво бомбардирање. Но, секако, тие никогаш не слушаат црнец. Зошто да бомбардирате луѓе кои ве поддржуваат?“, праша тој.

фото: Архива