Поранешниот градоначалник на општина Центар и поранешен заменик министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, а сега меѓународен секретар на СДСМ во синоќешно интервју за подкастот на Ландов конечно признава дека неговиот дедо, Кирил Жерновски во периодот на Втората светска војна во Скопје бил бугарски кмет.

Откако цело време Жерносвки негираше за функцијата на неговиот дедо во тој период и посочуваше дека ако некој сака да дознае кој бил Кирил Жерновски требало едноставно да отвори на Википедија и таму да прочита што пишувало за него. Од редакцијата на медиумот дошле до следните сознанија и документи во кои стои дека по бугарската нацифашистичка окупација на Македонија во 41, Жерновски се вклучува во пробугарските јавни општествени настани во градот.

-Бугарскиот нацифашистички министер за внатрешни работи, Петар Габроски на 4 јули 41 го назначи неславниот и така натаму, како негови заменици се поставени Кирил Жерновски и Крум Органџиев како двајца месни граѓани, Методија Бошков како правен консултант итн. Така од јули 41 до почетокот на 44 година, Жерновски е заменик градоначалник во историската македонска престолнина, вели Ландов, читајќи ги историските документи, па го прашува Андреј Жерновски покажувајќи му ги сликите, дали тоа е неговиот дедо Кирил Жерновски којшто бил бугарски кмет?

-Претпоставувам дека, јас не можам да ја толкувам сликата, претпоставувам дека е, рече Жерновски.

Понатаму новинарот прашува со прашањата „сега кмет бил или не бил?

-Е па, не, не. Значи он во тој период е кмет, изјави Жерновски.