-Овие денови македонскиот трудово-правен систем испишува нова историја! За прв во македонскиот јавен сектор сите административни службеници ќе бидат опфатени со колективни договори на ниво на институцијата. Ова досега никогаш не било случај. Тоа значи нов повисок стандард на уредување на правата од работен однос и повеќе права за вработените во државните институции. Честитки до Владата и синдикатите, објави на „фан“ ФБ страницата професорот по Трудово право на Правниот факултет во Скопје, д-р Лазар Јовевски.
Според него, околу 80 отсто од институциите во државава немаат склучено колективни договори со вработените што е катастрофално-наследена состојба која сега се поправа и се решава на најдемократски начин по европски терк.






