Речиси 900 луѓе биле убиени во етинички насилства во ДР Конго во средината на декември. Информацијата ја соопшти денеска Високиот комесаријат на ОН за човекови права.

Податоците се врз основа на доверливи извори. Насилството се случило од 16 до 18 декември во четири села во реонот Јомби во приовинцијата Мај-Ндомбе. Судирите биле меѓу етничките заедници Бануну и Батенде.

Комесарот за човекови права, Мишел Бачелет нагласи дека ОН почнува со истрага за насилствата. Истрага е почната и од властите во ДР Конго.