Во текот на 2024 година 48 илјади албански граѓани добиле државјанство во една од земјите на Европската Унија, со што се рангирани на трето место во светот, веднаш зад Сиријците и Мароканците.

Бројката е објавена од европската статистичка агенција Евростат  е последица на големиот бран барања од албанските граѓани, кои емигрираа во последните години со барање да изградат нов живот во Европа.

Италија е земјата што издала најмногу пасоши на Албанци, со 66% од вкупниот број, по што следуваат Грција со 22%, Германија со 7% и Шведска со 2%.

Податоците потврдуваат дека за 22 години околу 800 илјади албански граѓани добиле државјанство на земја на ЕУ.

Евростат наведува дека во 2024 година, речиси 1,2 милиони луѓе стекнале државјанство на земја од ЕУ, што е зголемување од 12% и во споредба со 2014 година, кога биле доделени 762 илјади државјанства, зголемувањето е 55%.

Во 2024 година, сириските граѓани ја сочинувале најголемата група нови граѓани на ЕУ, со 110.000 доделени државјанства. Мароканските граѓани биле втора најголема група, со 97.100 доделени државјанства, по што следуваат Албанците со 48 илјади.

Фото: Архива