Привремениот претседател на Сирија, Ахмед ал-Шара, денеска е во посета на Германија. Неговата прва средба во Берлин беше со претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер.

Предвидено е Ал Шара да се сретне и со германскиот канцелар Фридрих Мерц, со кој ќе разговара за враќање на сириските бегалци во татковината и за реконструкција на Сирија по долгогодишната граѓанска војна.

– Наш интерес е да ја видиме Сирија обновена како стабилна и просперитетна нација, вклучително и со помош на многу, многу Сиријци, кои дојдоа тука во Германија и во Европа за време на граѓанската војна и најдоа засолниште тука – рече портпаролот на германската влада, Стефан Корнелиус, пред посетата.

Ал Шара ја предводеше исламистичката милиција Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) во соборувањето на долгогодишниот авторитарен владетел на Сирија, Башар ал-Асад, на крајот од 2024 година по речиси 14 години граѓанска војна. Потоа беше именуван за привремен претседател и оттогаш ја насочува Сирија кон зближување со Западот.