Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека британскиот крал Чарлс III и кралицата Камила ќе престојуваат во САД од 27 до 30 април.
-Меланија и јас со задоволство објавуваме дека нивните височества, кралот и кралицата на Велика Британија, ќе бидат во историска државна посета од 27 до 30 април на САД, која ќе вклучува величествена вечера во Белата куќа навечер на 28 април, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“.
Трамп истакна дека овој значаен настан ќе биде уште попосебен, бидејќи САД слават 250 години од независноста.
-Со нетрпение очекувам да поминам време со кралот, кого многу го почитувам. Ќе биде одлично, наведе Трамп.
Бакингемската палата претходно потврди дека британскиот крал Чарлс III ќе отпатува во државна посета на САД и покрај претходните апели патувањето да биде откажано или одложено поради конфликтот на Блискиот Исток. (МИА)




