На 31.03.2026 околу 12:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Чаир бил пронајден починат Љ.С.(64) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.