Еколошки организации во Германија побараа од властите во Берлин да забрзаат со активностите за намалување на зависноста од нафта и гас, оценувајќи дека војната поврзана со Иран ја разоткрила германската зависност од увозот фосилни горива.

Во заедничкиот документ на еколошките движења и организации се посочува дека зависноста од увозот фосилни горива придонесува за инфлација и економска неизвесност, слично како за време на енергетската криза во 2022 година по почетокот на војната во Украина.

Еколозите повикаа на дополнително поголема искористеност на обновливи извори на енергија, поефикасна енергетска обнова на објектите и побрза транзиција кон климатски прифатливи системи за греење, како што се топлинските пумпи. Дополнително, тие предлагаат запирање на регистрацијата нови бензински и дизел возила, како и „plug-in“ хибриди, воведување ограничување на брзината на автопатите и намалување на максималната брзина на регионалните патишта.

Според нив, потребно е значително проширување на железничкиот сообраќај и јавниот превоз, електрификација на индустриските процеси и постепено укинување на субвенциите за фосилни горива.