Антикорупцискиот тим на СДСМ ги фати ВМРО-ОКГ живи како со Дака од црната листа на САД спремаат бизниси во енергетиката. И веднаш почна старото сценарио: дефокус, спинови и Заев. Наместо одговор – дефокус, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

ВМРО вели фирмата на Дака ги исполнила сите услови (читај: му дадовме дозвола затоа што знаеме кој е), сега ќе го исфрлиме (читај: нѐ фатија, па мораме). Значи Дака работи со ВМРО, ама темата ја префрлаат како СДСМ да е на власт, како СДСМ да работи со Дака. Не ви поминува дефокусот.

Компанијата на Миодраг Давидовиќ – Дака „Хронос сум“ од јануари годинава Божиновска ја ставила во Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година.Толку е! Се е јасно.

Перење пари, криминални структури и офшор мрежи, Панама, сомнителен капитал – тоа е моделот на ВМРО-ОКГ.

Во опозиција го напаѓаа Дака, денес – на власт – му отвораат врата во македонската енергетика.

Ова е класичен пример како функционира ВМРО-ОКГ.

Додека граѓаните плаќаат скапа струја, ЕЛЕМ тоне во загуби од над 100 милиони евра годишно – тие договараат бизниси со сомнителни партнери.

И наместо одговори – дефокус.

Нема бегање. Живи сте фатени.

СДСМ бара Јавното обвинителство итно да отвори предмет и да ја истражи целата шема, вклучително и потеклото на капиталот.

Одговорност мора да има.

Центар за комуникации на СДСМ