И порачуваме на Ленче Ристоска десната рака на Катица Јанева за која многумина веројатно оправдано сметаат дека беспоговорно реализираше агенди на Заев и други фактори, да не глуми жртва. Додека со Јанева делеа и множеа, и палеа и гасеа, и додека одеа по облаци, каде едната од нив во раката имаше ташна од Луј Витон, и откако после повеќе од 10 години таа не заврши ниеден од споменатите случаи, кокетирајќи со кого ќе и дојде на ум, праќајќи абери и до ВМРО-ДПМНЕ, сега сфаќа дека правда во оваа држава ќе има, и мора да има, без разлика дали на Заев му се допаѓа тоа или не. И без разлика на нејзината лојалност кон било кого, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Не навлегувајќи во нејзината реакција и процедурите во обвинителството кои се нивна работа и одлука, сепак не можеме да споменеме една дилема која ни се јавува додека ја гледаме како мисли дека народот заборавил на Катица Јанева и трите грации од кои очекуваа правда и наместо правда добија Луј Витон афера, но ако беше Ленче Ристоска обвинител со вредности и критериуми и личност која не е врзана со СДС и Заев ќе имаше бар еден случај со кој ќе го докажеше тоа. Ќе имаше бар еден случај со кој ќе докажеше дека сака правда или ако ништо друго ќе се обидеше да провери барем една од стотиците наши индиции за сторен криминал на претходната влада на СДС и ДУИ. Наместо да ги амнестира оние кои ја направија обвинител во СЈО, СДС и ДУИ, и да глуми жртва апелираме до нејзе да сфати дека моралот не е само збор туку е во својата суштина однесување и делување. Дела, а не зборови, се наведува во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нејзините зборови ќе имаа поголема смисла ако зад нив имаше дела.
-Иако според она што е образложено предметите Талир се предадени на обвинител кој е од обвинителство кое има стварна надлежност над нив, наместо да се заради било каква, а веројатно и партиска подобност држени надвор од секоја логика кај Ристова, како што обвинителството под контрола на СДС и ДУИ ги држеа кај нејзе со години, за да го држи уценето ВМРО-ДПМНЕ со ненормално долги постапки. На пример постапките за Талир траат 10 години и ако правдата функционираше досега ќе имаа епилог, било каков. Ние не навлегуваме во епилогот туку дека требаше да го има. Ако има вина пресуда, ако нема ослободување. Но не. Нема епилог, туку се добива впечаток дека Ристоска ги држеше кај себе за да ВМРО-ДПМНЕ биде уценето, соопштуваат од владејачката партија.
ВМРО-ДПМНЕ исто како и целиот народ очекува правда, владеење на правото и бескомпромисна борба против корупцијата без разлика на функција, партиска, етничка или било каква друга припадност.
-Кој згрешил, кој прекрши закон мора да одговара. Затоа овие обиди на Ристоска да глуми жртва ги сметаме за нејзиното дополнително одработување против правдата во Македонија и во заштита и обид за дефокусирање на темата од криминалите на СДС и ДУИ и обид да се продолжи перцепциската пресметка против ВМРО-ДПМНЕ и да се продолжи со праксата за перцепциска вина на партијата, кои СДС и ДУИ го правеа со години, за да ги кријат своите криминали и за да ги прават предавствата на народот и државата. Ова фрлање пердуви, иако и самата знае дека не е аргументирано и не е правно и праведно, е само уште еден доказ за нејзините намери и цели. Заврши времето на политички агенди и инструментализација на правдата. Да беше Ристоска со вредности како што кажува, ќе си одеше од СЈО кога се делеа награди, кога лапаа награди, покачувања, дополнителни плати кои ги делеа сите таму и кога шетаа Луј Витон торбици. Таа не само што остана таму туку продолжи да биде десна рака на Катица Јанева. За сега да глуми жртва и борец за вредности. Народот памети се. И среќа нема кратка меморија како што Ристоска, исто како и Заев сметаат. За крај не сакаме да навлегуваме во детали за нејзините обиди за лобирање кај ВМРО-ДПМНЕ, и неуспешната амбиција да оди во странство, кое ако успееше сигурно Ристова немаше вака да реагира и ќе и беше сеедно дали Талир или било кој предмет е кај нејзе или не е. Ја познаваме добро Ристова, а некои од нашите членови и предобро, и оваа глума не проаѓа. А не проаѓа ни кај народот кој сака правда кој е свесен за улогата на СЈО и изневерените очекувања, и за предавствата и криминалите кои се случуваа со години во државата, додека Ристова беше обвинител, не ги забележуваше, и со прст не мрдна да ги спречи и санкционира, велат од ВМРО-ДПМНЕ.




