Почина истакнатиот македонски сликар и професор, Родољуб Анастасов.

Анастасов беше уметник со препознатлив и автентичен израз, чиј опус претставува значаен придонес во развојот на современата македонска ликовна уметност. Неговите дела, исполнети со симболика и длабока мисловност, ќе останат траен сведок на едно богато творечко наследство.

Родољуб Анастасов роден во Скопје на 25 февруари 1935 година беше еден од најважните ликовни уметници во современата македонска уметност. Во 2009 година, Американскиот биографски институт го вброил Анастасов меѓу 500 најголеми генијалци во светот во 21 век.

Во 1962 година дипломирал на Уметничката академија во Белград, а од 1980 година до пензионирањето бил професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

Во 2011 година, Анастасов на Музејот на Град Скопје му подарил колекција од вкупно 389 ликовни дела.