Денеска ја предводев првата сесија на Стратешкиот дијалог со САД во Вашингтон, посветена на одбранбените и безбедносните прашања, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Партнерството со САД ќе продолжи да се развива како силен столб на нашата безбедност и стабилност. Голема благодарност за континуираната поддршка и доверба, кои се клучни за нашиот напредок. Во наредниот период, фокусот ќе биде ставен на продлабочување на соработката преку нови договори, заеднички иницијативи, опремување и напредни обуки. Работиме на унапредување на капацитетите на Армијата, следејќи ги современите безбедносни предизвици и потребата од поголема подготвеност и ефикасност. Ги презентирав и плановите за наредниот период, со фокус на континуирано инвестирање во одбраната и безбедноста. Посветеноста останува насочена кон модернизација, интероперабилност и подготвеност, со цел целосно исполнување на НАТО целите на способности, истакна Мисајловски.