Американските сенатори и конгресмени реагираа со претпазливост по однос објавата на двонеделното примирје во конфликтот со Иран, со отворени критики на некои од законодавците од редовите на Демократската партија кон администрацијата на претседателот Доналд Трамп.
„Примирјето е добра вест – само затоа што ова бесцелно војување треба да заврши што е можно поскоро“, напиша сенаторот-демократ Ричард Блументал на платформата „Икс“, додавајќи дека Трамп се уште не објаснил зошто ја започнал војната. „Примирје за американскиот народ не е победа“, истакна тој.“
Демократот-конгресмен, Грегори Мекс, посочи дека прекинот на огнот не е доволен и го повика Трамп да објасни пред Конгресот зошто ја вовлекол земјата во војна во која загинале 13 американски војници.
Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, ја оцени тактиката на Трамп како повлекување од претходните закани и „очајничка потрага по излез од неговата реторика“.
САД и Иран се согласија за примирје непосредно пред исекот на рокот поставен од Трамп. Претседателот на САД преку „Truth Social“ соопшти дека иранскиот план од десет точки е „изводлива основа“ за преговори.
Републиканскиот сенатор, Линдзи Грем, изјави дека Конгресот треба да учествува во разгледувањето на предлогот, истакнувајќи дека ќе побара по предлогот да се гласа на начин како што беше направено по нуклеарниот договор со Иран за време на поранешниот претседател Барак Обама.




