За организирање нов референдум за членство на Британија во ЕУ потребна е една година, според официјални владини насоки што им беа претставени вчера на пратениците, напиша денеска на Твитер новинар на британски „Телеграф“.

Портпаролката на британската премиерка Тереза Меј претходно изјави дека документот им бил даден на пратениците за време на состаноците со цел наоѓање излез од „ќорсокакот“ кога станува збор за Брегзит.

– За да се информираат, во краткиот документ се посочени факти за бројот на месеци кој е потребен само за подготовка, а нашиот став, секако, е дека втор референдум нема да има, рече портпаролката на Меј.