Во 2018, барања за азил во Франција беа доставени од 122.743 лица, бројка која е 22 отсто повисока отколку во 2017 година, објави Офпрам бирото за заштита на бегалците.
Франција е втора по бројот на баратели на азил земја во ЕУ, зад Германија. Барателите доаѓаат главно од Авганистан, Албанија, Грузија, Гвинеја и Брегот на Слоновата Коска, јавува МИА.
Ова е нов пораст на барања за азил поднесени во Франција во споредба со претходната година, кога за првпат беше надмината бројката од 100.000 барања, што претставуваше зголемување од 17 отсто во споредба со 2016 година.
Минатата година, според ОФПРА, 46.700 лица беа ставени под заштита на статусот на бегалци, што претставува зголемување од девет отсто во однос на 2017 година.
Азил добија 36 отсто од барателите, вклучувајќи ги тука и одлуките на Националниот суд за азил (ЦНДА).
Во 2018 година беше забележана значителна промена во потеклото на државјаните. Главните земји на потекло на апликацијата за азил се Авганистан (10221 барања), Албанија (8261), Грузија (6717), Гвинеја (6621) и Брегот на Слоновата Коска (5256). Во споредба со 2017 година, барањата од Албанија се намалија за 28 отсто, додека оние од Грузија (+ 256%), Гвинеја (+ 61%) и Брегот на Слоновата Коска (+ 45%) забележаа пораст.
За споредба, според привремените бројки, Германија регистрираше 174.000 апликации во првите единаесет месеци од 2018 година, а Италија 54.000 апликации.