Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека е „прилично оптимистичен“ во пресрет на клучните преговори со Иран што викендов треба да се одржат во Пакистан.

– На состаноците тие зборуваат многу поинаку отколку пред медиумите. Се однесуваат многу поразумно – изјави Трамп во телефонски разговор за Ен-Би-Си Њуз, мислејќи на иранските претставници.

– Тие прифаќаат сè што треба да прифатат. Не заборавајте дека беа поразени – додаде американскиот претседател.

Преговорите се сметаат за клучни за стабилизација на состојбите по војната во регионот, во услови на кревко примирје и зголемени тензии околу безбедноста на Ормуската Теснина.

фото: архива