Индонезискиот претседател Прабово Субианто ќе отпатува во Русија во наредните денови и се очекува да се сретне со претседателот Владимир Путин, изјави денеска министерот за надворешни работи на Индонезија.
Министерот Сугионо рече дека при посетата ќе се разговара за можноста Индонезија да купува руска нафта како алтернативен извор во услови на глобална криза во снабдувањето предизвикана од војната со Иран.
Кремљ претходно соопшти дека се подготвуваат контакти меѓу двајцата лидери.




