Пазарџии денеска на повеќе локации во Скопје протестираат против новиот Закон за зелени пазари со кој се бара тие да имаат лиценци за работа.
Тие го блокираа булеварот кај Битпазар, а се протестира и пред Собранието на Република Македонија.
Според законот, лиценците за тезгите ќе чинат 3.600 денари, а за втора тезга ќе треба да доплатат уште 2.400 денари. Пензионерите нема да можат да работат на пазарите.
Пазарџиите протестираат револтирани од новиот закон кој предвидува да обезбедат лиценци, а на пензионерите им се забранува да продаваат на пазарите. Утринава останаа празни тезгите на Зелен пазар, Бит Пазар, како и на пазарите во Ѓорче Петров, Драчево и пазарот кај Буњаковец.
Присутните пред Собранието извикуваат „Уа Влада, уа Бектеши“.
Пазарџиите се незадоволни и од зголемените давачки. Лиценците ќе ги издава Стопанската комора на Македонија. Според новиот закон, пензионерите, социјалците, стечајците и хонорарците, нема да можат да работат.