Легендарниот дефанзивец на Реал Мадрид од „златната ера“, Хозе Емилио Сантамарија, дефанзивец кој освои четири европски титули со Кралскиот клуб, почина на 96-годишна возраст, објави денеска шпанскиот гигант.
Уругвајскиот репрезентативец му се приклучи на Реал во 1957 година и освои еден Интерконтинентален куп, шест титули во Ла Лига и еден шпански Куп, одиигрувајќи 337 натпревари во девет сезони.
„Сантамарија секогаш ќе биде запаметен како еден од големите симболи на нашиот клуб. Тој беше дел од тим кој ќе остане во сеќавањето на сите жители на Мадрид и навивачи на фудбалот низ целиот свет“, рече претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Сантамарија настапи за Уругвај на Светското првенство во Швајцарија во 1954 година, а подоцна го носеше шпанскиот дрес Мундијалот во Чиле во 1962 година.
Како тренер ја предводеше шпанската олимписка репрезентација на Игрите во Мексико Сити во 1968 година и на Олимписките игри во Москва во 1980 година, а беше и шпански селектор на Мундијалот на домашен терен во 1982.




