Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека војната со Иран би можеле брзо да заврши, истакнувајќи оти следат „неверојатни два дена“.

– Мислам дека ќе гледате неверојатни два дена кои се пред нас, наведе Трамп.

Тој истакна дека нема да биде потребно да се продолжи двонеделното примирје, што истекува следната недела.

– Мислам дека може многу брзо да заврши. Набрзо ќе заврши, посочи Трамп.

Претставници на Пакистан, на Иран и на неколку држави од Персиски Залив изјавија дека американските и иранските преговарачи ќе се вратат во Исламабад во текот на неделата.