Во делот на инфраструктурата, само што доаѓам од увид на градежни активности на автопатот Прилеп – Битола, таму работата оди одлично. Она што го добив као ветување од изведувачите е дека веќе следната пролет ќе можеме да возиме по првите километри автопат на потегот од Прилеп до Битола, а согласно пред рокот и да се заврши целиот автопат, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој е во посета на Бирола на средба со Регионалните комори од Битола и Прилеп.
Рокот на завршување на овие проекти е крајот на 2029 година, добив ветување дека пролета 2029та година ќе имаме комплетно автопатско решение од Прилеп до Битола, потенцираше Николоски.
-На тоа се надоврзуват и разговорите кои што интензивно ги водиме и очекувам во текот на месеците јуни или јули да излеземе со конечното решение за продолжување таму каде што застанавме, а тоа е после тунелите кај Фариш. Веќе во го пуштивме експресниот пат кој што оди од Градско до Дреново и од Дреново до Фариш, сега треба да го завршиме делот кој што оди од Фариш до Прилеп, односно да го решиме Плетвар на тој начин да имаме до Битола целосно автопатско решение, посочи Николоски.




