Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека се договорила со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во следните недели да работат на зајакнување на врските на Европската Унија со воениот сојуз, објавија британските медиуми.

„Разговаравме за претстојниот самит на НАТО и како можеме да го зголемиме производството на одбрана во Европа“, напиша Фон дер Лајен во објава во Икс по средбата со Руте во Брисел.

„Треба да инвестираме и произведуваме повеќе, и да ги правиме и двете побрзо. Со зголемувањето на глобалните безбедносни закани, се согласивме да соработуваме тесно во наредните недели за зајакнување на врските ЕУ-НАТО и подготовка за успешен самит во Анкара“, додаде таа.

Руте, од своја страна, напиша во објава на социјалните мрежи за неговиот разговор со Фон дер Лајен дека „посилна Европа значи посилно НАТО“.