Поранешниот државен правобранител и актуелен адвокат Фехми Стафа призна вина за кривичното дело примање награда за противзаконско влијание, за кое се гони и се наоѓа во притвор во кумановскиот затвор, соопштија од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), објави телевизија Телма.

Како што пренесува ТВ Телма, меѓу ОЈО ГОКК и Стафа е склучена спогодба доцна попладнево, а Стафа, по признавање вина за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание, ќе биде осуден на казна затвор од една година и три месеци.

Спогодбата треба да биде потврдена и од надлежните судски инстанци.