Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека може да го прекине примирјето со Иран доколку до среда не се постигне долгорочен договор за прекин на војната.
„Можеби нема да го продолжам, но блокадата (на иранските пристаништа) ќе остане“, им рече Трамп на новинарите на авионот „Ер Форс Уан“ на враќање кон Вашингтон од Феникс, Аризона.
„Значи, имате блокада и за жал ќе мора повторно да почнеме да фрламе бомби“, рече тој.




