Во СДС се толку очајни што слават победа на сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во друга држава, додека нивната се распаѓа на парчиња, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека СДС и Филипче не кажаа ни збор за нивната сестринска партија од Унгарија која освои 1% од гласовите. Предвидуваме дека сличен ќе биде резултатот на СДС на следните избори доколку продолжат вака.

„Но, она што е уште поинтересно и треба Филипче да го одговори е дали на средбата на Партиите на европски социјалисти, која деновиве се одржува во Хрватска, Филипче му кажа на својот колега од Унгарија дека цела недела ја слави победата на Маѓар и Тиса како да е портпарол на истата?

Им кажа ли Филипче на неговите сестрински партии дека е очаен, дека нема визија и програма и дека затоа ја слави победата на сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ во Унгарија, додека во Македонија тој има рејтинг рамен на статистичка грешка?

Со ваквите политики и ваквиот однос, во кој поразите се претставуваат како победи, Филипче и СДС тонат се повеќе“, наведе во изјавата Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Фото: Архива