Амбасадорите на земјите-членки на Европска Унија денеска го поддржаа формирањето на ад хок работна група, која ќе започне со работа на нацрт-договорот за пристапување за Црна Гора.
-Кипарското претседателство вложи големи напори за да обезбеди формирање на работната група што е можно побрзо, особено имајќи ја предвид долгорочната техничка работа што треба да се заврши пред самиот почеток на изготвувањето на договорот за пристапување. Убедени сме дека ова ќе испрати силен сигнал дека пристапувањето е на дофат за партнерите во процесот на проширување, изјави портпаролот на кипарското претседателство.
Црна Гора ги отвори сите поглавја, а затвори 14.
МИА




