Сенаторот Рон Џонсон тврди дека од речиси 11 милиони страници документи поврзани со мНРА-вакцините против ковид, што ги добиле оти било прикриено предупредувањето за миокардитис, за опасноста за исхемичен мозочен удар кај лица над 65 години кон крајот на 2022 и 2023 година, како и дека двата сигнали биле минимизирани. Нагласува дека од графиците за смртни случаи поврзани со вакцините може да се види дека во 1990 година биле неколку стотици годишно, а во 2021 година биле над 20.000. – И пет години ФДА тврди дека не гледа сигнал. Ова беше јасен сигнал, кој до денес се прикрива, вели Џонсон. Бара одговори од Р. Ф. Кенеди Јуниор на пишувањата во мемото на д-р Винај Прасад во врска со обдукциите на млади деца што примиле мНРА-вакцини, со кои, според него, првпат ФДА ќе признае дека ковид-вакцините можеби убиле американски деца. Смета дека работите поврзани со справувањето со пандемијата не треба да се остават без одговори и оти мора да има одговорност кај оние што биле надлежни, а некои од нив, како што вели, сè уште работат во HHS (Министерството за здравство , CDC (Центарот за болести на САД) и во ФДА.

Сведочење на Р.Ф. Кенеди Јуниор во Сенатот на 22 април 2026

Рон Џонсон: Мислам дека сте свесни за фактот дека јас на многу фронтови сметам дека нашата реакција на пандемијата беше голем неуспех. Исто така, свесен сум дека, бидејќи пандемијата заврши, многу луѓе, едноставно, сакаат да ја остават зад себе. Да не ги разгледуваме сите работи што тргнаа наопаку. Една група луѓе, која не сака да продолжи понатаму, група што инсистира на одговорност, се оние што беа повредени мРНА-инјекцијата против ковид. Мислам дека сте свесни оти денес, на глобално ниво, имаме речиси 1,7 милион пријави за несакани настани, речиси 39.000 смртни случаи. Патем, од тие смртни случаи, 24 % се случиле на денот на инјекцијата или во рок од еден до два дена. Знам дека системот за пријавување нескани ефекти од вакцините (VAERS) не докажува причинско-последична врска, но тоа е сериозна корелација. Повредените од инјекцијата, одбивам да ја наречам вакцина, тоа не е традиционална вакцина, и повредените барем сакаат нивните повреди да бидат признаени за да може да добијат третман. Видов многу тажно видео од човек во Јапонија, кој прима третман за повреда од инјекцијата. Не можел да добие третман тука во САД. Една од пречките е што немаме ICD-код (код од меѓународна класификација на болестите) за вакви случаи. Знам дека ова се разгледува во Министерството за здравство (HHS). Мислам дека директорот на националниот здравствен институт (NIH), Бачерија, бара ICD код. Само ве прашувам дали сте подготвени да го разгледате тоа и да му дадете приоритет, за повредените од инјекцијата барем да добијат ICD код и признавање на нивните повреди. Дали ќе го направите тоа?

РФ Кенеди јуниор: Работиме на тоа и се трудиме да го реализираме што е можно побрзо. Исто така ги спроведуваме студиите што треба да се направат во NIH. Извештаите од судските вештаци за згрутчување на крвта и слично.

Рон Џонсон: Мило ми е што го спомнавте тоа. Следното прашање се однесува на меморандум, од д-р Прасад, од декември 2015 година (овде Џонсон прави лапсус за годината, меморандумот е од 2025, а греши и за месецот, објавен е на 29 номеври 2025, н.з.), каде што во рамки на FDA (Американската агенција за лекови) се разгледуваат, мислам, 96 обдукции на деца починати по КОВИД мРНА инјекцијата. Во тоа мемо, д-р Прасад пишува: „Ова е длабоко откритие. За првпат, FDA ќе признае дека КОВИД вакцините убиле американски деца. Здрави млади деца, со многу мал ризик од смрт, биле принудени, поради политики на администрацијата, преку училишни и работни обврски, да примат вакцина што може да доведе до смрт. Во многу случаи, таквите мерки биле штетни. Тешко е да се чита за случаи каде деца од 7 до 16 години можеби починале како резултат на вакцините. Ставајќи ги овие факти заедно, застрашувачки е да се помисли дека регулативата за вакцини во САД, вклучително и нашите постапки, можеби нанела повеќе штета отколку корист. Ова бара понизност, саморефлексија и надзор.“

Затоа, испратив писмо до вас и вашата агенција на 15 декември. Од 10 барања, добив одговор само на три. Нема одговор за документите што ги побарав. Ве прашувам дали ќе се обврзете целосно да одговорите на моето писмо.

РФ Кенеди јуниор: Посветен сум 100 отсто.

Рон Џонсон: Во писмото побарав и документи за процесот на одлучување за продолжување на заштитата од одговорност за овие инјекции за уште четири години. Дали ќе ги доставите тие документи?

РФ Кенеди јуниор: Да, ако ги имаме, ќе ви ги доставиме.

Рон Џонсон: На крај, да го прикажеме овој графикон. Благодарение на транспарентноста, добивме близу 11 милиони страници документи. Откривме дека било прикриено предупредувањето за миокардитис. Неодамна откривме дека се знаело и за опасноста за исхемичен мозочен удар кај лица над 65 години кон крајот на 2022 и 2023 година. Двата сигнали биле минимизирани. Најзагрижувачки е што постои нацрт-извештај: Питер Маркс бил информиран на 26 март 2021 дека алгоритмот за анализа на VAERS (систем во САД во кој се пријавуваат несакани ефекти од медикаменти, н.з) податоците може да ги прикрива несаканите настани. Со друг систем биле откриени 49 случаи на прикривање, од кои 25 значајни несакани ефекти, вклучувајќи ненадејна срцева смрт, Белова парализа и белодробен инфаркт.

Овој извештај ќе биде објавен следната недела. Не ми требаше сложен математички модел за да видам дека постојат сериозни сигнали за безбедност. Графикот покажува смртни случаи поврзани со вакцини од 1990 година, неколку стотици годишно. Во 2021 година, над 20.000. И пет години FDA тврди дека не гледа сигнал. Ова беше јасен сигнал кој, до денес, се прикрива.

Постојат луѓе вклучени во ова прикривање кои сè уште работат во HHS, CDC (Центар за болести на САД) и FDA. Сакам ваша посветеност тие луѓе да бидат достапни за интервјуа. За некои ќе мора да издадам повик. Ќе навлезам длабоко во ова.

РФ Кенеди јуниор: Ја имате мојата посветеност.