Извлечено е телото на градежниот работник кој утринава го загуби животот откако со уште три лица биле затрупани од насип со земја на градилиште во општина Кисела Вода.
Телото на жртвата, која според првичните информации е на 34 годишна возраст, со возило на погребално претпријатие е пренесено на обдукција.
Доктор Драган Панов, шеф на смена во Итна медицинска помош – Скопје претходно изјави дека според првичните информации, настраданите најверојатно се на возраст од 35 до 45 години, но, увидот ќе покаже за што точно станува збор и под какви околности се случила несреќата.
-Интервениравме со четири амбулантни возила, рече доктор Панов.
Од Министерството за здравство во врска со несреќата на градилиште во Кисела Вода, информира дека во Ургентниот центар се транспортирани тројца повредени градежни работници.
-Двајца од работниците се со полесни телесни повреди и контузии, во тек се дијагностички процедури. Кај едниот од нив веднаш е санирана повреда на лактот, а третиот пациент е со скршеници на двете потколеници и една натколеница. Се следи здравствената состојба на повредените лица и продолжува нивниот медицински третман., информираат од Министерството.
Од Министерството за внатрешни работи сопштија дека денеска во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на ул.„Козјак“ во Скопје, при ископ на темели со земја има затрупани работници.
-Тројца работници се извадени и пренесени со возило на Итна медицинска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека еден работник е пронајден починат, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Во Ургентен центар донесени тројца работници, двајца со полесни повреди, еден со скршеници
Двајца од работниците кои утринава беа затрупани со земја на градилиште во Кисела Вода се со полесни телесни повреди и контузии, а еден е со скршеници на двете потколеници и една натколеница, информира Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
– Во врска со несреќата на градилиште во Кисела Вода, информираме дека во Ургентниот центар се транспортирани тројца повредени градежни работници. Двајца од работниците се со полесни телесни повреди и контузии, во тек се дијагностички процедури. Кај едниот од нив веднаш е санирана повреда на лактот, а третиот пациент е со скршеници на двете потколеници и една натколеница. Се следи здравствената состојба на повредените лица и продолжува нивниот медицински третман, се вели во соопштението од Ургнетниот центар.

Доктор Драган Панов, шеф на смена во Итна медицинска помош – Скопје, претходно за МИА изјави дека при несреќата загинал градежен работник и оти тројца биле повредени.
Докторот Панов изјави дека според првичните информации, настраданите најверојатно се на возраст од 35 до 45 години, но, увидот ќе покаже за што точно станува збор и под какви околности се случила несреќата. Жртвата, како што рече, според првичните информации, е на 34-годишна возраст.
– Интервениравме со четири амбулантни возила, рече доктор Панов.
Министерството за внатрешни работи, пак, соопшти дека изутринава во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на улица „Козјак“ во Скопје, при ископ на темели со земја има затрупани работници. – Тројца работници се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени на Итна медицинска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека еден работник е пронајден починат, а смрт констатирал лекар ид Итна медицинска помош, соопшти МВР.




