Македонската женска ракометна репрезентација се пласираше во полуфиналето на Светското училишно првенство кое се одржува во Скопје, откако попладнево го совлада Бразил со 19-18.
Четвртфиналната пресметка донесе резултатски неизвесен натпревар во кој македонската репрезентација имаше водство од еден гол на полувремето (11-10), кое успеа да го зачува до самиот крај.
Ања Лашкоска со пет и Ивана Трифуноска со четири голови беа најефикасни македонски ракометарки
Со денешниот триумф, македонската репрезентација го продолжи максималниот ефект на Светското училишно првенство во ракомет во рамки на кое во групната фаза младите ракометарки извојуваа победи над Белгија, Грузија и Словачка.
ФОТО: Фејсбук




