Општина Прилеп работи на проектирање на обиколница на градот, откако ќе ја испроектира Владата ќе преземе одговорност да ја финансира и да ја изгради. Во меѓувреме во Прилеп работиме и на голем број инфраструктурни проекти, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Прилеп.

Тој заедно со градоначалникот Проданоски извршија увид во реконструкција на улицата „Кеј 1-ви Мај”, проект кој се работи преку Министерството за транспорт.

Вицепремиерот најави силна подршка од Владата за Прилеп и нови проекти за развој на градот.

-Овој проект за реконструкција на улицата Кеј 1 -ви Мај е подржан од Министерството за транспорт во соработка со Светска банка. Ќе работиме уште два проекти во следниот период, еден е улицата 11 Октомври, вториот е генерално забавување на сообраќајот имајќи превид дека безбедноста е пред се. Се работат големи инфраструктурни проекти, дел се реализираат, дел се во постапка на тендерирање, одиме со силна подршка на општината Прилеп. Сакам да изразам голема подршка на градоначалникот, на Советот, на претседателката на Советот за она што го работи општината и интензивно ќе продолжиме со подршката со цел да се завршат сите инфраструктурни проекти. Следниот период ќе видиме една градежна експанзија и што повеќе да завршиме и нови проекти. Најважна е обиколницата на градот за која општината веќе работи на проектирање, тоа е едно наше ветување. Кога ќе заврши проектирањето обврската ќе ја преземе Владата за да најде изведувач и финансии и да се заврши и тој голем проект. Завршивме со експресниот пат Градско-Дреново-Дреново-Фариш, ќе работиме од од Фариш до Прилеп, се работи на автопатот од Прилеп до Битола. Така да Прилеп е голем фокус, не заприраме како што гледате, многу време и енергија посветуваме за Прилеп и така ќе продолжиме во следниот период, истакна вицепремиерот Николоски.

Градоначалникот Проданоски најави забрзана реализација на започнатите проекти, исто така најави и нови проекти за општина Прилеп, нови паркинг места се со цел локален економски развој и подобро урбано живеење за граѓаните.