СДС очигледно се навлече на иљачот на Венковата прва пушка Шмрчко. Ова е најлогичното објаснување на долунапишаното, и дефинитивно, најмизерното соопштение излезено од која било партија во минатите скоро 35 години од независноста на државата. И подалеку, пишува Курир.

Во него, СДС  се осмелува да каже „Тероризмот е во крвта на ВМРО“ (Па нели ова ВМРО немаше врска со исконското?!), го обвинува ВМРО за атентатот на Киро Глигоров во време кога таткото на имателот на иљачот беше прв полицаец, најбугарашката партија во моментот која притиска за внос на Бугари во Устав и која нема проблем со Вториот протокол од Францускиот предлог зборува за некакви бугарски врски на противникот, оди индолентно до Караѓорѓевиќ и завршува со 27 април, чин предизвикан од Заевци и Сељовци, местенка по која народот реагираше на пучот во Собранието, акт смислен за да СДС потоа го смени името, за што и дилетантите беа октроирани и сместени во власта.

Внимавајте, какви се не дегутантни повраќаници, навреди, манипулации, лаги и инсинуации кажаа денеска од СДС:

Тероризмот е во крвта на ВМРО

На годишнината од бруталниот напад врз македонското Собрание, јасно и недвосмислено го повторуваме: тероризмот е во крвта на ВМРО!

Истиот оној терористички менталитет којшто пред дваесет и две години стоеше зад атентатот врз првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, на 27 април 2017 година во Собранието се обиде да изврши убиство на демократски избраните претставници на граѓаните, кои сакаа слобода по децении на недемократски терор врз Македонија.

Историјата на ВМРО е полна со антидржавни и антимакедонски злодела.

Пробугарското крило на ВМРО со децении водеше терористичка кампања за приклучување на Македонија кон Бугарија, негирајќи го постоењето на македонскиот народ и македонскиот идентитет.

Тие убиваа македонски револуционери и патриоти кои се бореа за независна Македонија, извршија атентати и масакри врз сопствениот македонски народ. Со Марсејскиот атентат во 1934 година и убиството на кралот Александар Караѓорѓевиќ, директно го дестабилизираа регионот за туѓи интереси.

Во 2017 година демократијата во Македонија беше сериозно загрозена.

СДСМ нема да дозволи враќање на терористичкиот модел на ВМРО!

Ќе ја браниме демократијата, уставниот поредок, слободата на говор, слободата на медиумите и европската иднина на Македонија, со сите демократски средства.

СДСМ се бори за демократска и европска Македонија!“

Прво, не за ДЕМОКРАТСКА, се боревте за СЕВЕРНА. И затоа сте таму, каде што сте, инфантилни ајвани.

Второ, дечки, најдобронамерно, намалете со тоа „белото“, забегавте, ама „скроз“…

Извор: Курир