Митко ЧАВКОВ
ПОВИК ЗА ПРАВО, ПРАВДА и ПРАВИЧНОСТ!
Заев и СДСс на 28 април 2017 година за настаните во Собранието од 27 април на прес конференција соопштија дека поднесуваат обвинение за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата”.
На 03 мај 2017 година Хелсиншки комитет го потврди обвинението;
На 28 ноември рано сабајле другарски координирано, по налог на “другарката” Рускоска 33 лица бевме лишени од слобода и спроведени во притвор. Тоа утро и се запознавме меѓу себе оти и воопшто не се познававме до тогаш.
“Другарката” Кацарска, СЛУЧАЈНО го доби предметот и координирано со другарите само формално ја спроведе постапката и не осуди на 211 години затвор која претходно другарски ја договориле.
Судењето се одвиваше паралелно со ПРОЕКТОТ за противуставна промена на името и се разбира другарски во координација, одлучија од 33 лица постапката да продолжи само за 16 лица.
За посебни заслуги на Муковски, Василевски и други, ЗАМИСЛЕТЕ заради наводно национално помирување како параван, им дадоа амнестија а понатму тендери, вработувања, “СПАС” во други кривични предмети.
Искрено, за среќа, амнестија добија и други обвинети, не за друго, туку полесно да помине криминалниот потфат наречен “НАЦИОНАЛНО ПОМИРУВАЊЕ извршен со ПОПРЕЧУВАЊЕ НА ПРАВДАТА и злоупотреба на политичката моќ.
Аха збореа дека има и организатори на настаните ама посебна постапка за нив и за среќа мораа и нив да ги амнестират.
Е сега КОИ СМЕ тие 16 и зошто баш ние?!
ИГОР ЈУГ и КИРЕ ГОРГИЕВСКИ умреа од јад од неправдата а повеќето од останатите трајно го изгубивме
здравјето.
Смртта на Игор и Кире, последиците врз останатите, ЌЕ ВИ БИДАТ ТОВАР што ќе го носите засекогаш!!!!!
Бевте тогаш во еуфорија, КАКО НЕ БЕВТЕ свесни дека не БЕШЕ 1949 та година?!
Нема да дозволиме да се заборави!
Почивајте во мир Игор и Кире!
А, за „терористичко загрозување на уставниот поредок“ и запретената казна од најмалку 10 години до доживотен затвор, потребно е НАДВОР ОД РАЗУМНО СОМНЕВАЊЕ да се докаже:
– заеднички план
– координација
– поделба на улоги
– свест за целта
– индивидуален придонес
– ПОСЕБНА НАМЕРА за загрозуване на уставниот поредок
КОЈ ВЕРУВА ВО ТОА?!
Ништо од тоа не е докажано затоа што едноставно не постоеше!!!
Со одбивањето на барањето за повторување на постапката се пропушти можноста за проверка на сомневањата!
Не заради нас засегнатите, туку за владеењето на правото, за правната сигурност и за враќање на довербата во системот.
ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ ТАКВА НЕПРАВДА!




