Нов ден, нов излив на параноја во партијата која во 5-та брзина ита кон буништето на историјата. И повторно, сето срочено едноставно зрачи со нус-ефектите од прекумерната употреба на иљачот на Шмрчко. Венко, Женовски, Фани, Богданка и Ана Ве Мразам Сите се во силен уплав од Шилегов и Деспотовски, пишува во својата анализа Курир.

Чудно, не ги споменаа и Ивор Мицковски, Софија Куновска и ред други некогаш високопозиционирани социјалдемократи и познати јавни фаци и ифлуенсери кои катадневно денот го започнуваат со кафе и шлаканица за врхушката на СДС.

И пак, копи-пејст од вчерашните писанија, кои се копија на завчерашните, а тие пак на оние од пред два месеца. Бајати како злоупотребеното интервју на известителот Вајц. Измислија и „платформа“, која ја има само во нивните главчиња со бели носиња од Јоновата направија.

Ако не верувате, прочитајте и кажете дали нешто од напишаното има каков и да е допир со реалноста, или, едноставно, некој халуцинира и трипува. „Ако коза лаже, рог не лаже“, велат северните соседи на насила од хохштаплерите од СДС  северизираната ни татковина:

„Наместо да одговори на реалните проблеми на граѓаните, тој преку црни кампањи, закани со обвинителство и полиција, преку својата платформа и своите орбановски медиуми, повторно ги активира отпадниците, како Шилегов, Деспотовски и слични „реформатори“ кои всушност работат за обидот за растурање на СДСМ. (Кх, кх, кх, не треснаа Петре и Јово дека Бугарија никогаш не го оспорила нашиот идентитет, ниту лупаа глупости за Гоце, тоа беа Венко и Рубин, така се рушите „од внатре“, дилајли)

Повторно се појавуваат стари приказни, стари играчи, отпадници и исти методи, платени и уценети лица кои треба да внесат немир во редовите на партијата која секојдневно бележи раст и враќа доверба кај граѓаните. (Која пуста доверба и кај кого, пишете еден барем, несреќи низаедни, ни самите не си верувате во пишаното)

СДСМ јасно порачува: (Јасно е, тука сте во право)

Ние не сме партија која се плаши од провокации. Ние сме партија која расте, која се реформирала, која внесе нова сила, нова енергија и која консолидира своето избирачко тело, и се подготвува да ја врати довербата на граѓаните и да ја врати Македонија на европскиот пат. (Белото по бироата може да е нова енергија која ви внела нова сила, ок. Но нема да ви трае долго, последиците ќе ги видите и на вас и на избори)

Не можете да ја застанете Новата сила и новата енергија. (ОК. Ако белите носиња се тоа, не можеме, прави сте.)

Нема да отстапиме. (Јасно, Заев не ве стави на позиции за бадијала, што се мора, не било тешко)

За разлика од другите, ние не сме контролирана опозиција каква што би сакале вие, ние сме единствената независна и конструктивна партија во Македонија. (Гарант Црпко ви ветил дека ќе ве вработи во Дубаи кога ќе ја дораспаднете СДС, друго објаснување за вашата упорност и доследност во уништувањето на партијата, нема)

Нашиот пат е јасен: да ја вратиме власта во рацете на народот од криминалната група и шефот на мафијата Мицкоски. (Дефинитивно, „вашиот пат е јасен“, појасен здравје и води во 5-та кон буништето на историјата)

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста! сврескаа од СДС, и, пак, несакајќи погодија.

Во право сте ајвани, верувале или не. Повторно, ќоравата кокошка убоде едно зрно, ашколсум. Да. Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста! Тука сте целосно во право. За промена.

Затоа и поради непроспиените ноќи во уплав од „доаѓањето на вистината, правдата и одговорноста“ за зулумите во текот на 2017-та до 2024-та, престрашените ќелепури (турцизам со значење – човек поставен на позиција која не ја заслужува) утехата си ја најдоа во навиките на Шмрчко, факт кој е поочебиен со секоја нова прес-конференција и соопштение, лакмус-хартија за душевната состојба на поранешните премиери, зулумќари, министри, копуци, функционери, шушајки и секогаш актуелни северџани. СДС таксират.

П.С. Најурнебесно во целата евтина приказна и соопштението е што двапати спомнаа дека РАСТАТ. Уште некоја линија, па во следното „приопќење јавности“ оваа инфантилна смејурија можеби ќе ја потенцираат и споменат и три, четири пати. И пак, точно. РАСТЕ паниката од доаѓањето на правдата, со силна, неумолива прогресија.

И Венко, смири се, годинава нема да има предвремени. Што не значи дека некој, сепак, нема да оди на часови по „свирење клавир“. Има уште скоро 8 месеци фора за конкретна музикална наобразба…

Извор: Курир