Гладна кокошка силоси со просо сонува, а гладна СДСМ за власт сонува дека на другите им се случува тоа што го доживува во своите редови. Во време кога СДСМ ја напуштаат нивни кадри од „првите борбени линии од шарената револуција“, сега гледа распад на владејачките партии. Од избори бега како ѓавол од лук, свесна за рејтингот што го има, но во желба за власт сонува распад и во ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение целото соопштение на „експретите за распад“ од СДСМ:
После распадот на ЗНАМ, напуштањето на претеникот Цеков и советничката во Прилеп, започнува распад и во самата ВМРО-ОКГ. Криминалната организација на Христијан Мицкоски е зафатена од сериозни внатрешни конфликти, фракции поврзани со Никола Груевски, внатрешна чистка со отстранување на сите потпретседатели, заминување на градоначлникот Сотир Лукровски, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
Очигледно е дека Лукровски не сакал да биде дел од шеми поврзани со урбанистички планови, легализации, градежни интереси и сомнителни финансиски трансфери кои ги турка Мицкоски.
Луѓето почнуваат да сфаќаат дека биле злоупотребени и вовлечени во систем на криминал, злоупотреби и корупција за кој наскоро ќе мора да се одговара.
Дали бизнис шемите за така наречниот проект „Скопје на Вода“ по примерот на „Белград на вода“ ја прелеале чашата многу бргу ќе се дознае.
Но јасно е дека сѐ повеќе членови и функционери и во ЗНАМ и во ВМРО се свесни дека по падот на Орбан започнуваат сериозни истраги за политичко-криминалните мрежи во регионот.
ЗНАМ, како сателитска групација создадена од отпадници од СДСМ, предводена од Максим Димитриевски, а финансирана од Мицкоски, веќе се распаѓа. Сега истото му се случува и во ВМРО-ОКГ.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
ФОТО: Архива




