Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, ќе престојува во официјална посета на Кина од 24 до 28 мај 2026 година, соопшти денеска Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија.
Вучиќ ќе престојува во посета на Кина на покана на претседателот на земјата, Си Џинпинг.
Претседателот на Србија неодамна изјави дека дека оваа посета ќе биде за него најзначајната досега.




